16 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 15.06.2015 до 21.06.2015

Неделен хороскоп – 15.06.2015 до 21.06.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Ќе имате неколку пречки на љубовен план, па можно е да дојде и до посериозни кавги кои ќе биде потребно вие да ги смирите. Не се нервирајте за ситниците кои ненамерно ги прави партнерот.

РАБОТА: Ќе добиете одлична понуда која нема да можете да ја одбиете, постојат мали ризици но доколку сте подготвени ќе ги заобиколите. Чекорете сигурно напред ви претстои одлично вработување. Оние кои имаат постојано работно место ги очекува награда.

ЗДРАВЈЕ: Мал замор, но сепак ништо сериозно

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Несогласувањата меѓу вас и партнерот откако ќе бидат решени само ќе ве зближат, па затоа не се грижете. Можна е зголемена доза на нервоза и кавги, но сето тоа ќе започне да се разрешува на половина од неделата.

РАБОТА: Ќе напредувате и сами сте заслужни за тоа, бидејќи силно се изборивте. Нека не ве загрижуваат промените, тие можеби на почетокот ќе ви бидат тешки, но потоа ќе ги совладате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Мали кавги кои вашата добрина нема да дозволи да се прошират. Нека не ве нервираат постапките на партнерот, тој е во безизлезна ситуација. Помогнете му на секој начин и сфатете зошто постапува така. Оние кои не се во врска ова е неповолен период за создавање нешто сигурно.

РАБОТА: Ќе слушнете добри вести кои ќе ви помогнат да напредувате. Ќе уживате во плодовите кои ќе дојдат по напорната работа. Ќе постои можност да отворите и сопствен бизнис, а за тоа ќе ви биде потребна поддршка.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте што јадете.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Иако ситуацијата на приватен план не е блескава, имате сила за борба. Познати сте по тоа што во најлошите ситуации делувате ладнокрвно и прибрано, па искористете ја таа способност за да ги решите несогласувањата со партнерот и семејството.

РАБОТА: Оваа недела ќе имате бурен период во кој деловните обврски ќе ве преплават. Тоа е резултат на напредокот на компанијата во која работите, па затоа веднаш започнете да ги финализирате обврските.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Неповолен период, можен е прекин на врската, а оние кои се сами нека не се надеваат дека ќе ја најдат сродната душа. Ќе ве нервираат постапките на блиските лица, но внимавајте како ќе се однесувате бидејќи можете да ги повредите.

РАБОТА: Период во кој ќе почувствувате многу промени. Ќе ве загрижуваат новите проекти, но ќе ви биде потребно малку време за да се навикнете на нив.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Ќе ве преплават различни емоции. Нема да знаете како да постапите, па можно е да се впуштите и во некоја тајна романса. Доколку сте во долга врска не ризикувајте.

РАБОТА: Ќе добиете поволни вести околу барањата кои неодамна му ги предложивте на вашиот надреден. Ќе се исполни некоја ваша замисла а и новиот проект кој го подготвувате ќе забележи успех.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Долгата врска би можела конечно да носи плодови кои ги очекувате веќе подолго време, но бидете трпеливи уште малки бидејќи не е возможно да ги остварите сите желби одеднаш.

РАБОТА: На работното место ништо ново, можно е да посакате да избегате од секојдневните задачи па ќе се обидете да излажете дека ви е потребно отсуство за приватни проблеми. Слободното време посветете му го на размислувањето и креирањето на планови за во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Некое изненадување многу ќе ве израдува а сето тоа ќе биде дело на блиските лица. Оваа недела ќе ја поминете во интензивна дружба со семејството и вашите сакани. Одличен период за зацврстување на врските.

РАБОТА: Малку ризичен период во кој треба да бидете внимателни особено со финансиите и документите. Внимавајте да не загубите некој важен документ.

ЗДРАВЈЕ: Вметнете физичка активност во секојдневието.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Сакате јавно да ги искажете вашите чувства но тоа не ви оди баш лесно. Некој ве спречува, односно ве спречува неговото однесување. Се мислите дали е доволно искрен со вас.

РАБОТА: Нови планови, нови проекти а вие нема да можете да им се посветите целосно бидејќи ќе ве измачуваат приватните проблеми. Внимавајте на понудата за соработка.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со видот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете во можност да го вклучите вашиот шарм во своја корист. Ќе успеете да заведете некого, некој кој одамна ви се допаѓа. Оние во посериозни врски дополнително ќе ја разгорат страста.

РАБОТА: Важно е да ги искористите вашите адути на правилен начин. Оваа недела ве очекува повеќе работа, затоа молчете и работете, не се истакнувајте премногу туку обидете се да остварите добри резултати.

ЗДРАВЈЕ: Обидете се да го исфрлите стресот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Постојано ви се чини дека е потребно да редефинирате некои приватни односи кои во последниот месец ви донеле премногу стрес и мачнина, и во право сте, но бидете внимателни за да не отпишете погрешни луѓе.

РАБОТА: Не дозволувајте самозадоволството и самодовербата да ве излажат па да мислите дека можете да постигнете се, внимавајте да не се засрамите. Некоја пренагласена реакција може да ве доведе во незавидна позиција.

ЗДРАВЈЕ: Можна е зачестена главоболка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Се наоѓате во позитивен и поволен период, само потребно е да внимавате што зборувате пред блиските лица. Некои ваши сфаќања можат сериозно да ги повредат. Ќе дознаете некоја долго чувана тајна.

РАБОТА: Ќе се обидете на секој начин да побегнете од работата и да си дадете поголем одмор. Тоа ќе ви успее но ќе трае кратко бидејќи обрските ќе ве повикаат назад.

ЗДРАВЈЕ: Смирете ги нервите, релаксирајте се со прошетки во природа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП