10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го покажа предвесникот на Alpine (фото+видео)

Renault го покажа предвесникот на Alpine (фото+видео)

celebration alpine

„Renault“ ја избра патеката „Сарте“, на која се одржува легендарната трка „24 часа Ле Ман“, за место на премиерата на предсерискиот спортски автомобил „Celebration“. Тој е дело на инженерите од Французкиот бренд „Alpine“, истакнувајќи ја нејзината 60-годишнина.

celebration alpine1

За разлика од концептуалниот модел А110-50 во 2012-та кој личеше на суперавтомобил, „Alpine Celebration“ нема слични амбиции. Французите така и не открија детали за новата машина, но дадоа ветување дека ќе го сторат подоцна, сепак се знае дека таа е со средно поставен мотор и заден пренос.

celebration alpine2

Што се однесува до погонскиот агрегат, во „Alpine“ и „Renault“ се договориле тоа да е 1,6-литарски бензински турбо мотор кој ќе развива минимум 200 КС. Тој работи во комбинација со 6-брзински автоматски менувач со две спојки. Тежината на возилото е 1100 кг, што ветува сериозна динамика.

Првиот сериски автомобил на ревитализираната „Alpine“ ќе се појави во 2016-та година, ветуваат од компанијата. Тоа е точно 20 години откако брендот го прекина производството на своите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП