19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗQoros го напушта европскиот пазар

Qoros го напушта европскиот пазар

qoros0000jpg

Кинескиот производител „Qoros“ официјално објави се повлекува привремено од пазарите во Европа. Причините се ниските резултати на продажба на Стариот континент. За 12 месеци компанијата реализирала продажба на само 7.000 возила во целиот свет, а од оваа бројка во Европа отпаѓаат само 51 примероци.

За време на премиерата на своите модели на авто-саемот во Женева во 2013-та година од „Qoros“ најавија амбиции да испорача во Европа по 15.000 единици годишно. Вкупниот капацитет на претпријатието во Чангша (Кина), каде се произведуваат автомобили на марката, е 150.000 единици годишно.

„Продолжуваме да сметаме на европскиот пазар за еден од најважните и повлекувањето не е конечно. Новата стратегија сепак предвидува прво да се зајакнеме на пазарот во Кина и по неколку години постепено да се вратиме во Европа“, се вели во пораката на „Qoros“.

Пресметките покажуваат дека само за првата година од своето постоење кинеско-изралеската марка „Qoros“ донела – концерт „Chery“ и „Kenon Holdings“, загуби во износ од 305 милиони евра.

Според повеќето експерти, причината за лошиот старт во Европа се должи на две причини. Првата е лошиот маркетинг кој „Qoros“ го наметнува, а втората – премногу малата палета на модели, со која нема како да ги задоволи купувачите на многу европски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП