26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS: Негативните каматни стапки се голем предизвик за банките

UBS: Негативните каматни стапки се голем предизвик за банките

ubs svic

Негативните каматни стапки претставуваат голем предизвик за швајцарските банки, а особено во нивните настојувања да го одбранат својот нето профит, изјави директорот на швајцарската банка „UBS“, Алекс Вебер.

Тој на една дебата во Берн рече дека јануарското воведување на негативните каматни стапки во Швајцарија ги принуди банките да го променат начинот на управувањето со недвижностите, како и долгорочните инвестиции.

„Негативните каматни стапки се особен предизвик за нето профитот на банките“, вели Вебер на собирот организиран од Швајцарската банкарска асоцијација.

Во јануари оваа година, централната банка на Швајцарија (SNB) воведе каматна стапка од минус 0,75 oтсто на активите во посед на финансиските институции, вклучувајќи ги банките, трговците со хартии од вредност и осигурителните компании.

„SNB“ воведувањето на негативната каматна стапка ја најави уште во декември минатата година со цел спречување на натамошно јакнење на франакот.

„Јануарската одлука имаше силен оддек во Швајцарија“, изјави директорот на швајцарската филијала на американската компанија за управување со активите, „BlackRock“, Кристијан Хинце, и додаде дека инвеститорите ги пренасочиле интересите кон алтернативните инвестиции, меѓу кои се и оние со поголем ризик, но и оние пасивните како што се финансиските индекси.

Како што се оценува, негативните каматни стапки задаваат уште еден удар на швајцарските банки, кои веќе се под притисок за да ја зголемат транспарентноста, во светот на скандалите, како што е „Swissleaks“ поради кој банката „HSBC“ минатата недела мораше да плати 40 милиони франци компензација со цел да стави точка на обиненијата дека нејзината филијала во оваа земја им помогнала на клиентите да затајат данок во висина од повеќе милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП