6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ќе брка Гинисов рекорд

Audi ќе брка Гинисов рекорд

ginis a6

Во минатата година „Audi“ забележа рекорд во економичност, откако автомобилот „A3 TDI“ успеа да измине 834 милји (1342 км) само со еден резервоар. Сега компанијата има амбициозен план да оствари друго врвно достигнување, што треба да биде запишано во Гинисовата книга на рекорди.

За таа цел модификацијата „Audi A6 Ultra“ ќе се обиде да надмине над 1000 милји (1609 км), користејќи само еден стандарден резервоар. Автомобилот ќе помине преку територијата на 10 европски држави – Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија, Германија, Италија и Словенија.

Обидот за рекорд ќе биде поставен во соработка со британскиот автомобилски клуб (RAC), со што за оваа причина се користат англиските мерни единици. Автомобилот располага со резервоар со волумен од 73 литри, што значи дека ако целта биде извршена, просечната потрошувачка ќе биде околу 2,2 л/100 км.

ginis a6 1

Цената на горивото за целиот транзит ќе биде 88 фунти (123 евра). Нивото на штетни гасови кај „Audi A6 Ultra“ е 109 g/km, а од страна на компанијата се категорични дека целта е да се покаже не само економичноста на моделот, туку и неговите еколошки индикатори.

Зад воланот на машината ќе седне натпреварувачката Ребека Џексон, а нејзин партнер за време на патувањето ќе биде автомобилскиот новинар Ендрју Франкел. Маршутата веќе е прецизирана, а таа ги избегнува градовите поради метеж, како и автопатите и планинските патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП