10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше продажбата на Passat GTE со хибриден погон

Стартуваше продажбата на Passat GTE со хибриден погон

gte passat

„Volkswagen“ на германскиот пазар ја понуди „Plug-In“ хибридната верзија на новиот „Passat“ по цена од 44.250 eвра.

„VW Passat GTE“, кој светска премиера имаше во 2014-та година на саемот во Париз, користи 1.4 литарски „TSI“ бензинец и електричен мотор.

gte passat1

Бензинската единица развива 156 ks (115 kW), a електромоторот 115 ks (85 kW). Вкупната комбинирана моќ на системот достигнува 218 ks (160 kW), a максималниот вртежен момент е 400 Nm.

Моќта на тракалата се пренесуваат со помош на специјално развиен шестбрзински менувач со двојно квачило.

gte passat2

Автомобилот е во состојба до „стотка“ да забрза за 7,4 секунди и да достигне максимални 225 km/h, oдносно 130 km/h ако се вози исклучиво на електричен погон.

Вкупната автономија во возењето изнесува 1.114 km, a благодарејќи на батеријата од 9.9 kWh, „Passat GTE“ само во електричен режим може да мине и до 50 km.

gte passat3

Германскиот производител тврди дека хибридниот модел во комбиниран режим на возење просечно троши само 1,6 l/100 km.

Лимузината „VW Passat GTE“ во Германија чини 44.250 evra, додека за караван верзијата треба да се издвојат 1.000 евра повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП