26 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.06.2015

Дневен хороскоп 08.06.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако досега не сте научиле важна лекција за себе, денес ќе имате уште една прилика за тоа. Овој пат направете ги работите како што треба или помирете се со фактот дека последиците нема така лесно да ги решите. Не е се само во она што го работите, се гледа и она што го мислите, односно квалитетот на вашите идеи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес многу брзо го прифаќате својот креативен развој. Парадоксално, повторно премногу се трудите за да постигнете спонтаност. Тоа едноставно не оди така. Ако спонтаноста не ви е силна страна, тогаш држете се до вашиот начин и цел и не им дозволувајте на странците да ве отргнуваат од патот. Вашиот голем труд ќе ви донесе плодови и позитивни промени.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате чувство дека давате се од себе, но едоставно не ви оди баш се од рака. Се што ќе започнете денес останува недовршено. Причината за тоа е што претерано сте залутале и сте се изгубиле меѓу големите желби и соништа. Во попладневните часови седнете и размислете за постапките во иднина.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас. Без грижи, како и секогаш ќе најдете решение.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Проблемите ќе останат зад вас. Обидете се да ги намалите непотребните трошоци. Ова е лесно да се каже, но тешто да се реализира. Потрудете се да процените што вреди да купите, а што не. Ќе дознаете некоја долго чувана тајна која максимално ќе ве вознемири. Во поладневните часови пронајдете време да го одморите телото.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски, а оние кои практикуваат кратки авантури ќе навлезат во период на монотонија.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се трудите да не забележувате се што ви пречи, но тоа всушност не ви носи ништо добро доколку вистински не се смирите себеси, бидејќи имате впечаток дека на работа некој во прави проблеми за да ве потисне во втор план. На некој му е многу важно со вас да воспостави добра комуникација, особено на Рибите. Во попладневните часови пронајдете време за вежбање, тоа ќе ве наполни со енергија.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На многумина им пречи вашиот успех и тоа е до таа мера нагласено што морате да криете од оние кои се напорни во испрашувањето за вашите намери, оние кои сакаат да знаат се за вас. Тое не ви е потребно и веројатно сакате да се снајдете во работата која ќе ви овозможи контакт со странци, патување, но би требало да бидете реални и по тоа прашање барем уште некое извесно време.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Работите на работното место одат во правец како што посакувате, но сепак имате финансиски проблеми. За жал, старите долгови мора да се платат и тоа ви создава нервоза. Токму кога мислите дека веќе се е под контрола однекаде ќе изникне некоја неплатена сметка. Сумата која денес ќе треба да ја платите не е голема, но сепак ќе ви создаде главоболка.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес на работното место ќе ви недостасува концентрација. Цел ден ќе се вртите во круг и ништо нема да сработите. Нервозата што ја чувствувате не ја покажувајте пред другите затоа што вашите зборови можат да бидат злоупотребени. Ако водите некој судски спор внимавајте на документите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вие многу сакате да се дружите со колегите од работа. Посебно денес нивното друштво многу ќе ви значи. Во домот ситуацијата е наелектризирана и полна со некоја таинственост и поради тоа ќе побарате мир надвор од домот. Внимавајте во разговорите и не ја истакнувајте вашата интелектуална надмоќ.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вие сте секогаш многу сериозни и одговорни, но понекогаш ви треба опуштање. Денес ќе сакате за момент да заборавите на сите одговорности што ги имате и да избегате од реалноста. Внимавајте на алкохолот и не седнувајте за волан во таква состојба. Вечерва навистина ќе имате убаво дружење и весело расположение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП