2 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Renault Kadjar“ ќе добие „RS“ верзија

„Renault Kadjar“ ќе добие „RS“ верзија

kadjar 3003

„Renault“ ќе пушти спортска верзија на новиот кросовер „Kadjar“. Моделот со додаток „RS“ кон името се развива од делот „Renaultsport“, објави „Auto Express“.

Засега нема точни информации за моторот на идниот спортски „SUV“. Според едни извори Французите ќе се одлучат за 1,6 литарскиот турбо мотор од „Nissan Juke Nismo RS“ со 218 КС, додека според други ќе биде користен новиот 1,8-литарски агрегат со 270 КС, кој ќе се појави во 2016-та година на „Nissan Qashqai Nismo“.

Покрај помоќен мотор кросоверот ќе добие модернизирана шасија, покрута суспензија, како и подобрена систем за сопирање. Спортскиот „Kadjar“ ќе биде опремен со заклучувачки диференцијал, а системот за погон на четири тркала ќе се нуди уште во основната опрема.

„Renault Kadjar“ беше прикажан на автосаемот во Женева во март. Моделот е изграден на платформата „CMF“, користена за новите „Nissan Qashqai“ и „X-Trail“. Со излегувањето на „RS“ моделот Французите се надеваат да ја зголемат својата продажба, а најмногу на пазарот во Кина, каде што слични автомобили стануваат се повеќе популарни.

Очекувањата се спортската модификација на „Kadjar“ да се појави на пазарот во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП