6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува нов Ferrari Dino

Се подготвува нов Ferrari Dino

dino f

Извршниот директор на компанијата „FIAT“ и прв човек на „Ferrari“, Серџо Маркионе, најави дека италијанскиот производител планира да го врати во живот познатиот модел „Dino“.

„Не станува збор за „дали“ туку „кога“ ќе им понудиме на купувачите нов „Ferrari Dino“, изјави Маркионе во интервју за „Autocar“.

Тој додаде дека автомобилот ќе има централно поставена погонска единица која ќе развива околу 500 „коња“.

dino f1

Се претпоставува дека станува збор за „twin-turbo V6“ агрегат кој ќе обезбеди новиот „Dino“ од место до „стотка“ да забрза за помалку од 3.5 секунди и да развие 320 km/h.

Маркионе ја отфрли можноста моторот да биде поставен напред, дури иако тоа решение би можело да донесе заштеда во процесот на развој и производство.

„Секое „Ferrari“ кое го има името „Dino“ мора да ја почитува традицијата и историјата на тој модел“, објаснува тој.

dino f2

Кога станува збор за цената на автомобилот, таа најверојатно ќе биде малку поголема од „Ferrari California T“.

Оргиналните модели кои го носеа името „Dino“, во знак на сеќавање на прерано починатиот син на освновачот на компанијата Енцо Ферари, се произведуваа помеѓу 1968-ма и 1976-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП