15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската Shenzhen Airlines купува 46 Boeing авиони

Кинеската Shenzhen Airlines купува 46 Boeing авиони

8ed5d5f7267e2179ca77a76026400ac7a3e4e270

Кинеската авиокомпанија „Shenzhen Airlines“ ќе купи 46 авиони од „Boeing“ од семејството 737 по каталошка цена од 4,3 милијарди долари, соопшти вчера нејзината мајка-компанија „Air China“.

Авионите ќе бидат испорачани во периодот меѓу 2016 и 2020 година, се наведува во соопштението на Шангајската берза, на која котираат акциите на Air China„“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Shenzhen Airlines“ има флота од над 100 патнички и транспортни авиони, меѓу кои се и авионите на „Boeing“ од типот 747 и 737, но и авионите на „Airbus“ од типот 320 и 319.

„Boeing“ минатата година прогнозираше дека на кинеските авиопревозници ќе им требаат речиси 6.000 нови авиони во наредните 20 годии, во вредност од 780 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП