8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот месец стартува продажбата на Civic Type R (фото+видео)

Следниот месец стартува продажбата на Civic Type R (фото+видео)

typer

Рекордерот на Нирбургринг пристигнува на европските патишта, па поради тоа „Honda“ одлучи стартот на продажбата на новиот „Civic Type R“ да го одбележи со свежи фотографии од овој фантастичен автомобил.

„Honda“ новиот „Civic Type R“ го најавуваше во последните неколку години, па продукциската верзија конечно да пристигне во март 2015-та.

typer1

Најекстремниот „Type R“ во историјата, според зборовите на производителот, на европскиот пазар ќе пристигне во јули со титулата „најбрз сериски автомобил со преден погон на Нирбургринг“.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу две нивоа на опрема и да се одлучат за една од 5-те понудени бои на надворешноста.

Како што е веќе познато, „Civic Type R“ добива моќ од 2.0-литарски турбо-бензинец кој обезбедува 310 ks (228 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент, во опсег од 2.500 до 4.500 o/min.

typer2

Моторот е поврзан со шестбрзински мануелен менувач кој овозможува автомобилот од 0 дo 100 km/h да забрза за 5,7 секунди и да достигне 270 km/h.

Ваквите перформанси имаат и своја цена, па така „Type R“ во Велика Британија ќе чини од 30.000 фунти (oколу 40.000 eвра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП