23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил го напушти пазарот во Естонија

Лукоил го напушти пазарот во Естонија

Lukoil-oil-tanks222

„Лукоил“ постигна договор за продажба на 100% од својата естонска сестринска фирма „Lukoil Eesti AS“. Руската компанија преку „Lukoil European Holdings“ потпиша договор за продажба на естонските бензински пумпи на компанијата „Olerex“ која ќе се здобие со 100% од акциите на „Lukoil Eesti“, објави „Интерфакс“.

Цената на договорот не беше обелоденета. Тој ќе стапи во сила откако ќе биде одобрен од локалната комисија за конкуренција.

Според заменик-претседателот на „Лукоил“, Вадим Воробиев продажба на активата во Естонија е дел од планот за оптимизација на руската компанија во Европа.

Во Естонија „Лукоил“ поседува 37 бензински пумпи. По финализирањето на зделката бензинските пумпи на „Olerex“ ќе бидат повеќе од 80, што ќе ја направи компанијата најголемата во Естонија.

Во 2014-та година, „Лукоил“ ги продаде своите бензински пумпи во Чешка, Словачка и Унгарија, а во 2015-та година, и во Украина.

На крајот на минатата година, „Лукоил“ објави дека ќе се раздели со голем број странски средства, што се очекува да и донесе на компанијата приходи во износ од 1,8 милијарди долари.

„Лукоил“ е една од најголемите нафтени компании во светот. Таа обезбедува 2 отсто од светското производство на нафта. Кон крајот на 2012-та година компанијата имаше докажани резерви во износ од 17,3 милијарди барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП