17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуролинк осигурување по вторпат организира „Летна балетска школа“

Еуролинк осигурување по вторпат организира „Летна балетска школа“

soopshtenie

Компанијата „Eуролинк осигурување“ денеска распиша конкурс за учество на бесплатната летна балетска школа, специјално концепирана за деца на возраст од 6 до 11 години. И оваа година, на најмладите ќе им биде овозможено летниот распуст да го поминат активно, да ги научат основите на класичниот балет, да се дружат и забавуваат.

Школата е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, во која избраните учесници ќе имаат можност три седмици во текот на летотo бесплатно да изучуваат класичен балет.

Часовите по класичен балет ќе се реализираат во просториите на Македонската опера и балет (МОБ) во периодот од 17 јуни до 10 јули 2015 година. Тие се концепирани по принципите на руската балетска школа и по методиките на класичниот балет под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ, како и актуелен уметнички директор на оваа институција.

Целта на оваа школа е преку класичниот балет да им се помогне на децата да го развијат својот талент, но и да им се помогне за нивниот понатамошен правилен развој. Балетските вежби, кои се специјално прилагодени на возраста на децата, помагаат да им се развие чувство за координација, музикалност и за ритам, како и да им се зајакне мускулатурата и да им се подобри ориентацијата во просторот. Со вежбањето низ игра и забава на детето исто така му се всадува и чувство за одговорност и дисциплина.

„Минатогодишната балетска школа резултираше со откривање на млади и талентирани девојчиња кои ги инспириравме својот талент да продолжат да го развиваат во нижото балетско училиште. И оваа година очекуваме голем интерес и затоа се решивме да направиме две групи, почетна и напредна со по 25 учесници. Се надевам дека на овој начин ќе успееме да го промовираме класичниот балет кај најмладите кој воедно е основа и круна на сите танцувачки техники, и кој денес се чини дека е малку во сенка на новите и модерни стилови на танцување“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

soopshtenie

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата преку испраќање на фотографија од своето дете и информација за неговата тежна и висина, број на балетанки со назнака дали за првпат ќе изучуваат класилен балет или имаат претходно искуство на електронската адреса: [email protected]. Пријавувањето почнува денеска,  3 јуни (среда) и ќе трае до 10 јуни (среда).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен балетски тим кој ќе избере две групи од по 25 деца според нивната возраст и степенот на претходно балетско искуство и знаење. Избраните учесници ќе имаат можност три пати неделно (понеделник, среда и петок) да ја посетуваат школата во термините од 18.00 до 19.00 прва група и од 19.00 до 20.00 втора група.

На завршната претстава на летната балетска школа сите учесници ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП