26 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.06.2015

Дневен хороскоп 03.06.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, страдаат и контактите со пријателите. Ќе се појави проблем кој дополнително ќе ве растревожи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа. Во попладневните часови ќе се релаксирате во друштво на пријателите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

До предпладне времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа, сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка. Посветете му повеќе внимание на семејството.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете им внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет. Стабилни и реални, како и секогаш, ќе успеете да ги победите предизвиците.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете нетрпеливи да ги дознаете сите трачеви во вашата околина. Озборувањата ќе ве доведат до проблематична ситуација. Вашата енергија ќе се намали а вие ќе бидете разочарани. Обидете се вашиот бизнис план да го претворите во пари. Некој пријател од минатото ќе ве посети.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некои лица планираат проширување на соработката со вас и ќе ви предложат конкретен начин како да се одвива тоа. Вие незаинтересирано ќе ги одбиете и ќе се сомневате во нивните цели. Лавот ќе ве потсети дека за исполнување на соништата потребно е и да ризикувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работите не се одвиваат онака како што сакате. Попладневните часови носат извесна сигурност или некој нов поттик за работа. Не правете еуфорија од обични ситници. Ќе биде потребно да се смирите и повторно да размислите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не знаете што треба да направите во врска со некои нови понуди кои за вас се голем предизвик, но сепак со помош на партнерот ќе најдете одлично решение. Ако сте подготвени да ризикувате, ви претстои некој план со Стрелец или Лав. Можен е повик од некој кој многу го цените а не сте го виделе одамна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со некој друг Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Овој ден ќе ви донесе многу важни случувања во сферата на кариерата, особено во работата со некој кој е во подобра материјална состојба од вас или е на повисока позиција од вашата. Ве исполнува друштвото на лицето кое е подготвено да ви помогне во финансиски аспект. Во љубовта ситуацијата е одлична, можен е премин на нешто посериозно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Подготвени сте да направите нешто оригинално или да направите значителен пресврт во својата кариера. Имате потреба да се сретнете со пријателите кои долго не сте ги виделе. Добро се чувствувате во друштво на оние кои ги подржуваат вашите деловни планови, можно е да станува збор за една Девица или некој Рак.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Напорен ден за вас ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите финансиски способности. Ако се занимавате со научни истражувања, денес ќе доживеете голем успех. Се трудите да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте премногу дарежливи и подготвени да го направите она што сите го очекуваат од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП