Ликовното студио „ARS VIVENDI“ ќе го прослави својот десетти роденден во Галеријата на МКЦ, денеска во 19 часот со завршна изложба со неповторливи детски цртежи, сведоци за чистата и весела детска душа.

Инспирирани од латинската синтагма „ars vivendi“, што во слободен превод значи „уметност или умешност на живеење/то“, ликовното студио„ARS VIVENDI“ започна со работа на 15-ти септември, 2005-та година.
„Овие десет години во студиото „ARS VIVENDI“ работевме под мотото „Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ и ја освестувавме индивидуата дека не може да ја изнајми својата визија на друг. Веруваме дека успеавме во тоа, а 57- те награди што ги освоија членовите на нашето ликовно студио учествувајќи на републички и интернационални конкурси за детски цртежи се дополнителен поттик да продолжиме со работа во иста насока“, велат од студиото.