2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриено зошто швајцарското сирење има дупки

Откриено зошто швајцарското сирење има дупки

pic

Научниците накрај открија зошто швајцарското сирење има дупки, а сето тоа, како што изгледа, се сведува на количеството нечистотија во кантите во кои се собира млекото. 

Спротивно од она што со години се мисли, дупките по кои е прочуено швајцарското сирење не се резултат на бактериското отпуштање на јаглерод диоксид, како што тврди популарната наука.

Швајцарските научници со лабораториско истражување утврдиле дека за појавата на дупките се одговорени минијатурните честички од сеното. Земјоделскиот институт на швајцарската влада „Agroscope“ наведува дека „микроскопски малите честички од сеното паѓаат во кантите за време на собирањето на млекото“ и предизвикуваат создавање на поголеми дупки за време на зреењето на сирењето. Процесот ги опфаќа само некои видови швајцарски сирења, како што се ементал и апенцелер.

Од „Agroscope“ тврдат и дека тоа објаснува зашто последните петнаесет години дупките во швајцарските сирења се сé помали. Процесот на молзење и собирање на млекото сé повеќе е автоматизиран и сé „почист“, па оттаму и има сé помалку честички од сено во млекото.

Научниците до овој заклучок дошле така што додавале честички сено во млекото и лабораториски го следеле созревањето на сирењето.

Теоријата дека дупките во сирењата ги правата бактериите со испуштање на јаглерод диоксид важи од 1917 година, кога ова откритие го објавил американскиот научник Вилијам Кларк.

Млечната индустрија дупките во сирењата ги нарекува „очи“, а сирењето без дупки е познато како „слепо“ сирење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП