21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus ја дотера хибридната S-Class (фото+видео)

Brabus ја дотера хибридната S-Class (фото+видео)

b50 h

Германскиот производител на автомобили „Brabus“, кој своите проекти ги базира на модели на „Mercedes-Benz“, ја покажа својата верзија на новата генерација „S-Class“. Доработка е наменета за хибридната модификација „S500 Plug-in Hybrid“, како на агрегатот, така и на надворешниот изглед.

b50 h1

Инженерите на Brabus го оптимизираа 3,0-литарски V6 мотор кој е дел од хибридниот систем на возилото. Стандардната моќ на бензинскиот мотор е 333 КС и 480 Нм, но по интервенцијата на компанијата показателите се веќе 385 КС и 550 Нм.

Промени во електричниот погон не се правени, па по зголемувањето, „S500 Plug-in Hybrid“ располага со вкупна моќност од 500 КС и максимален вртежен момент од 890 Nm.

b50 h2

Доработка му овозможува на моделот од место до 100 км/час стигне за 4,9 секунди, или за 0,3 секунди побрзо од стандардниот „S500 Plug-in Hybrid“. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/час.

b50 h3

Од „Brabus“ не објавија дали промените на погонскиот тракт се одразиле на потрошувачката на гориво. Според официјалните податоци од „Mercedes-Benz“ серискиот „S500 Plug-in Hybrid“ троши во просек по само 3,0 л/100 км.

b50 h4

Визуелните промени кај моделот не се големи. Компанијата поставила издувен систем од нерѓосувачки челик и стилски карбонски бодикит, како и дополнително „LED“ осветлување. Достапно е и широк избор на бандажи со големина до 22 инчи.

Што се однесува до внатрешноста на „B50 Hybrid“, за неа се нудат секакви доработки, а меѓу материјалите присуствуваат природно дрво, карбон и висококвалитетна кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП