
Романот „Светулка“ на Мирјана Тренчева ќе биде промовиран денес во 19 часот во Музејот на македонската борба.


Романот „Светулка“ на Мирјана Тренчева ќе биде промовиран денес во 19 часот во Музејот на македонската борба.
Најновото издание на Тренчева е двотомен роман кој претставува своевиден пресек на семејната и националната историја на авторот. Книгата е во издание на издавачката куќа Дијалог, а на промоцијата ќе се обратат Ефтим Клетников, Васил Тоциновски и Гордица Величковска.
Мирјана Тренчева е истакната македонска поетеса, романист и преведувач на филмски класици која во својот творечки опус има десетина поетски книги и две поеми.