18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.05.2015

Дневен хороскоп 23.05.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќе сакате да разговарате со вашиот претпоставен околу платата, но тој ќе го одложи разговорот за некој друг ден. Не размислувајте за штедење, вие сте преголем хедонист и такво нешто нема да ви одговара. Ако пријателите ве повикаат да ја поминете вечерта со нив, прифатете ја поканата. Ве очекува пријатна вечер.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате вложено голема надеж во проектот кој го работите во тајност. Денес ќе се двоумите кому прво да му ја кажете идејата, дали на пријателите или на фамилијата. Размислете добро, дали воопшто нешто да кажувате. Партнерот ќе помисли дека е тоа само една од вашите фантазии, а пријателите повеќе ќе сакаат да се забавуваат отколку да ве слушаат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес е еден од оние денови кога имате чувство дека само вие работите, а другите околу вас се извлекуваат. Можеби, не сте далеку од вистината, но вашиот труд нема да остане незабележан. Постои можност денес вашите претпоставени јавно да ве пофалат и да ви ветат награда. Вашиот партнер ќе биде многу горд на вашите успеси.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ситуацијата на работното место е напната и немојте додатно да ја бранувате со вашите постапки. Ако сте невработени, денес може да добиете шанса која одамна ја очекувате. На одговор ќе чекате подолго време, но не обесхрабрувајте се. Ситуацијата со партнерот е мирна и стабилна.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е особено поволен период за зголемување на финансиите. Денес е можно да отидете на неколку состаноци кои ќе се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Ако сте невработени, ќе имате можност да избирате. Ќе добиете повеќе понуди, и вам ви останува да размислите што е најдобро за вас.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Месечината ќе ви донесе многу нови можности.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Финансиската ситуација ви е променлива, и тоа ве прави нервозни. Внимавајте на односите со партнерот. Врската ви е во криза и може да добиете екстремни идеи. Прекинот не е она што ви треба во моментов. Семејството нема да ги подржи вашите очајни потези.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ве очекува изненадување од претпоставениот. Освен што ќе добиете признание,можно е и покачување. Ако очекувате наследство, можно е тоа да биде поволно решено и конечно да го добиете она што одамна го очекувате. Партнерот го очекува вашето внимание. Не дозволувајте да се чувствува осамено.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе се двоумите што прво да направите и кои обврски да ги завршите, но сепак свесни сте дека се треба да е завршено. Денес одложете го уживањето и одморот и посветете им се на обврските. Наскоро ќе бидете парично наградени за вашите залагања.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате вистински проблеми кога луѓето кои одлучуваат не успеваат да ве разберат. Единствен начин да се извлечете од таквата ситуација денес е трпението и концентрацијата, бидејќи во спротивно ќе ви остане горчлив вкус во устата. Длбоко вдишете и почнете повторно, ќе се исплати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП