3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Fabia Combi R5 на легендарниот GTI митинг во Wörthersee (фото+видео)

Škoda Fabia Combi R5 на легендарниот GTI митинг во Wörthersee (фото+видео)

Skoda-Fabia-Combi-R5-1

Новата Škoda Fabia R5 предизвика сензација на својата прва трка. Тимот на ŠKODA  на домашен терен оствари убедлива победа при светската премиера на новиот модел.

Skoda-Fabia-Combi-R5-4

Тркачот, со врвна технологија, Škoda Fabia Combi R5 беше претставен на GTI средбите во Wörthersee. Светската премиера на концептот се случи на 34-тото издание на Wörthersee GTI средбите кои се одржаа од 13-ти до 16-ти мај 2015-та година. ŠKODA, на овие средби претстави уште три други спортски автомобили на брендот.

Skoda-Fabia-Combi-R5-7

Повеќе од 200.000 вљубеници во автомобилите присуствуваа во Wörthersee со цел да ја задоволат нивната страст за дружба со врвните спортски автомобили. Ова беше шести настап на Škoda на GTI средбите, на кој оваа година брендот претстави пет спортски модели.

Skoda-Fabia-Combi-R5-5

Дизајнерите на Škoda претставија ново видување на Fabia R5 овој пат како караванска изведба под името Škoda Fabia Combi R5. Во зелена, бела и црна боја Škoda Fabia Combi R5 излезе на сцената со своите атрактивни 18-инчни алуминиумски тркала. Во предниот дел, моќните браници и широките отвори за воздух сведочат за рели амбициите на автомобилот, додека пак задниот голем спортски спојлер, големиот заден браник и широката издувната цевка позиционирана во центарот го дополнуваат спортскиот момент.

Skoda-Fabia-Combi-R5-2

Под поклопецот, Škoda Fabia Combi R5 го има ултра модерниот 1.6-литарски турбо мотор, моделот има и погон на сите тркала, секвенцијален менувач со пет брзини и Мекферсон потпирање напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП