23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКБ Прво пензиско друштво АД Скопје-10 години од постоење на Друштвото

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје-10 години од постоење на Друштвото

kd

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на 19.05.2015 (вторник) прослави значаен јубилеј- 10 години од постоење на Друштвото.

КБ Прво пензиско друштво е едно од пионерите во нашата држава кои од почетокот, директно и активно учествуваа во спроведувањето на една од најзначајните, најмакотрпните и најдолготрајните реформи што се реализирани во Република Македонија, реформата на пензискиот сиситем.

Друштвото е партнерство, и е создадено како резултат на амбицијата и претприемачкиот дух на ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје. Друштвото вработува 30 високо-стручни професионалци и остварува стабилни резултати. Главната цел на Друштвото е да обезбеди услови за достојна пензија за членовите на пензиските фондови.

Друштвото успеа да ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продолжи да ја гради и во иднина.

Друштвото управува со два фонда- КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд- Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје.

Денес, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје има над 200.013 членови и времено распределени лица, кои што се сопственици на над 316 милиони евра, додека во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје има 12.778 членови, кои што се сопственици на над 5 милиони евра.

kd

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП