17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco подобaр отколку што се очекуваше

Cisco подобaр отколку што се очекуваше

cisko 200

„Cisco“ оствари поголема квартална добивка од очекуваната, а причината за тоа е добрата продажба на своите мрежни уреди и сервери.

Вкупниот приход на компанијата во фискалниот трет квартал кој завршува на 25-ти април, порасна за 5,1%, нa 12,14 милијарди долари, што е нешто повеќе од просечните очекувања на аналитичарите кои беа околу 12,07 милијарди долари.

Добивката на компанијата порасна од минатогодишните 2,18 милијарди долари на 2,44 милијарди долари.

Во „Ciscо“ посебно истакнуваат дека успеале да остварат раст во продажбата и добивката, иако нивните приходи во Русија забележаа пад од 41%, во Кина од 20%, a во Бразил од 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП