20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон уште три години ќе вози Мерцедес

Хамилтон уште три години ќе вози Мерцедес

212245

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, го продолжи договорот со Мерцедес на уште три години. 

Британецот во германскиот тим пристигна во 2013, а минатата година втор пат стана светски шампион.

„Мерцедес е мојот дом, многу сум среќен што ќе остана тука уште три години“, рекол 30-годишниот Хамилтон.

Британецот е лидер во овогодишното првенство на Формула 1, тој има 20 бодови повеќе од клупскиот колега Нико Розберг.

Хамилтон сезонава победи на три од петте трки во првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП