11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова рекордна продажба на Motorrad (фото)

Нова рекордна продажба на Motorrad (фото)

mrad

По постигнувањето на рекордната продажба во текот на првиот квартал од 2015-та, „BMW Motorrad“ останува цврсто на патеките на успехот.

Во април оваа година се продадени 16.554 мотоцикли и макси скутери, во однос на минатогодишните 16.344 во истиот месец. Во однос на април минатата година, продажбата порасна за 1.3 проценти, што овој месец го прави најуспешен во историјата на компанијата.

mrad1

Што се однесува до првиот квартал, вкупната пораст во продажбата изнесува 6.3 проценти, односно 47.924 едници во однос на минатогодишните 45.063.

mrad2

Хајнер Фауст, шефот на продажба и маркетинг на „BMW Motorrad“ изјави: „ Во април 2014-та постигнавме значително добри резултати со продажбата на 16.344 единици, па поради тоа границата беше високо поставена. Со растот во продажбата од 1.3 отсто го надминавме минатогодишниот рекорд. Овој април 2015-та стана најдобриот месец досега во историјата на „BMW Motorrad“. Нашата годишна продажба во оваа година континуирано расте во однос на продажбата во истиот период од минатата година“.

mrad3

Овој солиден раст на продажбата може да се заблагодари пред се на „R“ и „S“ сериите. Побарувачката за новиот „S 1000 RR“ суперспорт мотоцикл и „flat-twin Roadster R 1200 R“ се особено нагласени. „Bokser“ моделите, како класичниот „Roadster R nineT“, „R 1200 GS Adventure endura“ или „R 1200 RT“ исто така високо котираат кога станува збор за популарноста.

mrad4

„Ние сме задоволни што можеме да потврдиме оживување на пазарите во Европа. Пред се тоа се однесува на Шпанија, каде се остварени силни позиции. Барањата за нашите мотоцикли значително се зголемени и во Азија“, вели Фауст.

mrad5

Новите модели со „flat-twin“ и четирицилиндарски агрегати, за кои моментално има голема побарувачка, ќе им се придружат два дополнителни модели во текот на оваа сезона. Штотуку беше лансиран „R 1200 RS“, а најновиот модел веќе избран за мотоцикл на годината од страна на читатателите на магазинот „Motorrad“, дури пред да биде официјално претставен.

mrad6

Покрај тоа, наскоро ќе биде презентиран пред интернационалните медиуми и моделот „S 1000 XR“, целосно нов концепт на „BMW Motorrad“. Модел кој е пофален од страна на мотоциклистичките новинари, а во продажба ќе се најде од 13-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП