20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави најмоќниот сериски модел во историјата (фото)

BMW го претстави најмоќниот сериски модел во историјата (фото)

m6 najbrz

„BMW“ ја претстави обновената верзија „Competition Package“ од семејство „М6“. Таа се потпира на форсиран до 600 КС битурбо „V8“ мотор со зафатнина од 4,4 литри и преработена шасија. На овој начин тоа е најмоќниот сериски модел во целата историја на баварскиот производител.

Пред една година „BMW“ го пушти седанот „M5“ во јубилејната верзија „30 Jahre“, а тој исто така се потпира на 600 КС. Оваа „петка“ беше прогласена за најмоќното „граѓанско“ „BMW“ на сите времиња, но од неа беа произведени само 300 примероци. Затоа и баварците одлучија дека вакво звање заслужува токму „M6“ во изведба „Competition Package“.

m6 najbrz1

Кај него доработка на моторот е истa како кај верзијата „30 Jahre M5“. Мотор со 600 КС и вртежен момент од 700 Нм, достапен во опсег 1500-6000 врт/мин. Досега најмоќното „M6“ располагаше со 560 КС и 680 Нм. По доработка, ова возило забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, а кабриолетот и „Gran Coupe“ за 4,0 секунди.

Максималната брзина кај сите верзии е ограничена по електронски пат на 250 км/ч. Клиентот сепак може да си ја нарача опцијата „M Driver’s Package“, која го отстранува ограничувачот и така возилото развива 305 км/ч.

m6 najbrz2

BMW M6“ е опремен со „Competition Package“, располага со тврди пружини и амортизери, како и со специјални стабилизатори. Прилагодени се и управувањето, системот за стабилизација и задниот активен „М“ диференцијал, кој има посебен блок на управување.

На изглед автомобилите од оваа серија се разликуваат по своите оригинални 20-инчни тркала, како и издувните системи, „облечени“ во црна хром боја.

m6 najbrz3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП