9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet го откри новото Camaro (фото+видео)

Chevrolet го откри новото Camaro (фото+видео)

c amaro

Откако долго време ги „провоцираше“ симпатизерите со објавување на скици и делови од слики, компанијата „Chevrolet“ конечно ја откри 6-тата генерација на „Camaro“. Премиерата на легендарниот модел се одржа на специјална манифестација во Детроит.

c amaro1

Однадвор новото „Camaro“ изгледа сосема препознатливо, но всушност во овој модел нема речиси ништо од петтата генерација. Околу 70% од деталите се развиени од нула, а цврстината на структурата на возилото е оптимизирана за 28%. Поради употреба на алуминиум во конструкцијата, каросеријата е полесна за 90 килограми.

c amaro3

Димензиите на новиот „Chevrolet Camaro“ се должина од 4784 мм, ширина – 1897 мм, висина – 1348 мм, и растојание помеѓу двете оски – 2811 мм. На овој начин спортскиот автомобил е за 57 мм пократок, со 20 мм поблизок и за 28 мм помал од својот претходник. Меѓуоскиното растојание е исто така намалено за 41 мм.

c amaro4

Во палетата мотори за прв пат во историјата на моделот е вклучен 2,0-литарски турбо мотор со 4 цилиндри. Тој развива моќност од 275 КС и 400 Нм, што овозможува забрзување од 0 до 96 км/ч (60 милји) за помалку од 6 секунди.

c amaro5

Освен тоа новото „Camaro“ ќе се нуди со 3,6-литарски V6 кој развива 335 КС и 385 Нм, како и со 6,2-литарски LT1 V8 со 445 КС и 617 Нм. Најмоќниот мотор ќе биде достапен само за верзијата SS, која за прв пат ќе добие адаптивна суспензија „Magnetic Ride Control“. Сите мотори ќе се поврзани со 6-брзински мануелен менувач или со 8-степен автоматски „Hydra-Matic 8L90“.

c amaro6

Ентериерот на моделот исто така доби нови детали. Во опремата се вклучени два 8-инчни екрани, „LED“ осветлување, електрична рачна кочница и селектор за менување на различните режими на управување – Snow / Ice, Tour, Sport и Track (последниот е достапен само за моделот SS).

Производството на 6-тата генерација на „Chevrolet Camaro“ ќе се одвива во фабриката на „General Motors“ во Мичиген. Продажбата стартува подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП