25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.05.2015

Дневен хороскоп 15.05.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се појават проблеми на емотивен план како последица на погрешни процени, но затоа периодот ви е поволен за уметност. Доколку она што ви задава проблеми на материјален план го пренасочите на духовен и на филозофски план, ќе постигнете рамнотежа и ќе бидете задоволни. Инспирацијата ви е нагласена, па не дозволувајте да остане неискористена.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Астролошката куќа на пријатели е добро позиционирана, во овој период ќе им посветите големо внимание на средбите со пријателите. Не се откажувајте од вашите цели и од она што го работите, многу полесно можете да постигнете повеќе од тоа што мислите. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој друг Јарец.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Малку неповолен период, но лесно ќе го поминете. Оние што се во врска ќе треба подобро да балансираат. На работното место одлично ќе се снаоѓате. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите несогласувања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Поради нешто сте вознемирени, работите не ви се поставени на свое место. Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Но, тоа не значи дека финансиите ќе ви бидат сјајни, пробајте да им одолеете на слатките излози од продавниците, и заштедете некој денар.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите колеги ќе имаат недоверба во вас, но тоа на крајот на денот ќе се промени и ќе добиете извинување. Вашата ангажираност е голема, очекувајте зголемен профит. Во овие десетина дена внимавајте на кого му верувате, ќе се појават некои лица кои ќе сакаат да го заземат вашето место.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате многу планови но еден по еден ги отфрлате затоа што не знаете што сакате. Ова не е период за преземање на акции. Денес Меркур почнува да оди наназад и ќе ги наруши сите ваши планови околу финансиите. Искористете ја енергијата што ја имате на забава, тоа најдобро ви оди во моментот. Внимавајте и не влегувајте во конфликтни ситуации.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе ви се пружи можност да се сретнете со некои роднини или пријатели со кои секогаш сте биле многу блиски, а долго време не сте ги виделе. Би требало малку поинвентивно да изработите план кога станува збор за состојбата на финансиски средства и нивната распределба. Можна е кавга со некое многу блиско лице.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Финансиската ситуација со мали осцилации ви е солидна. На работното место нема никакви промени. Тоа значи дека полека ќе ве фаќа монотонија и ќе барате начин како да се забавувате. Конечно ќе се сетите како да му приредите убаво изненадување на партнерот и ќе го направите пресреќен. Вашата среќа денес ќе нема крај.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес бидете дарежливи кон себе и кон оние што ви значат. Планирањето на трошоците е во ред, но понекогаш треба да си пружите и по некое задоволство. Денес планетите ќе ве поттикнат да го прославите вашиот личен успех. Не седете со скрстени раце и соберете ги пријателите и колегите. Преземете ја лидерската функција во организацијата и направете сите да ве следат вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП