27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHutchinson Whampoa го создава најголемиот мобилен оператор во Велика Британија

Hutchinson Whampoa го создава најголемиот мобилен оператор во Велика Британија

trehaet

„Hutchinson Whampoa“ на милијардерот од Хонг Конг, Ли Кашин привлекува инвеститори од Сингапур, Канада, Бразил и Обединетите Арапски Емирати, за да собере потребните средства за финансирање за купувањето на британската поделба на шпанскиот оператор „Telefonica O2“ за 10,25 милијарди фунти (16 милијарди долари), соопштува „Bloomberg“.

Во март „Hutchinson Whampoa“ постигна договор за купување на „O2“, со намера да ги спои британскиот оператор со безжичната мрежа „Three“.

Како резултат на спојувањето на „O2“ и „Three“ ќе биде создаден најголемиот оператор по бројот на корисници на мобилни услуги во Велика Британија.

Групата на инвеститори, вклучувајќи го Сингапурски државен фонд „GIC Pte“, два од најголемите пензиски фондови во Канада – „Canada Pension Plan Investment Board“ и „Caisse de Depot et Placement du Quebec“, бразилската инвестициска банка „BTG Pactual“ и инвестицискиот фонд на Абу Даби, ќе се здобијат со 32,98% од комбинираната компанија за 8 милијарди фунти.

Од „Hutchinson Whampoa“ истакна дека средствата на инвеститорите ќе бидат искористени за финансирање на купувањето на „O2“ заедно со кредит во износ од 6 милијарди фунти, обезбеден од „HSBC“, како и 480 милиони фунти сопствени средства на компанијата.

Комбинирање на „O2“ и „Three“ ќе создаде мобилен оператор чиј број на претплатници ќе надмине 30 милиони. Компанијата ќе опслужува околу 44% од пазарот на мобилни услуги во Велика Британија.

Со оглед на барањата на антимонополските регулатори на Островот спојувањето на двете компании може да потрае околу една година. Од „Telefonica“ пак посочија дека очекуваат трансакцијата да заврши до јуни 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП