26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на GAP во првиот квартал помала од очекуваната

Продажбата на GAP во првиот квартал помала од очекуваната

gapgapgap

Американскиот дистрибутер на облека „GAP“ во првиот квартал се соочи со пад на продажбата од 3,0 проценти, во однос на истиот период една година претходно, на 3,66 милијарди долари, соопштија од оваа компанија.

За првиот квартал аналитичарите просечно очекуваа дека „GAP“ ќе оствари приходи од 3,7 милијарди долари, пренесува францускиот весник Капитал.

Од компанијата истакнуваат дека негативните валутни ефекти ги намалиле нивните приходи за 90 милиони долари, што најмногу се однесува на слабоста на јапонската и канадската валута.

А кога ќе се исклучи влијанието на девизните курсеви, падот на тримесечниот приход бил помал, односно 1,0 проценти, на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП