18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМал пад во сообраќајот за Air France - KLM

Мал пад во сообраќајот за Air France – KLM

air-france-klmuhy654ed

Француско-холандската авиокомпанија „Air France – KLM“ забележа пад на сообраќајот од 0,4 проценти во април, во однос на истиот месец минатата година, објави оваа компанија.

Активноста на кратките и средно-долгите дестинации претрпе пад од 4,4 проценти, додека сообраќајот на долги релации порасна за 0,7 проценти, се прецизира во соопштението, пренесува францускиот весник Капитал.

Благодарение на добрите резултати на нискобуџетната филијала „Transavia“, чиј интензитет на сообраќај порасна за 4,6 проценти, а бројот на патници за 7,6 проценти, на 0,8 милиони, падот на вкупниот број на патници на оваа групација се ограничи на 1,0 проценти, на 7,3 милиони во април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП