29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈапонските автомобили имаат најголема шанса да ја стигнат границата од 320.000 км

Јапонските автомобили имаат најголема шанса да ја стигнат границата од 320.000 км

Toyota cars are lined up for sale on the forecourt of a Toyota dealer in Purley, south London

Неслучајно јапонските автомобили се едни од најпознатите на глобално ниво. Тие често ги предводат листите на најсигурни автомобили во речиси сите специјализирани медиуми.

Просечната цена на нов автомобил е над 30.000 долари во светски рамки, што ги тера потрошувачите да се исклучително внимателни при изборот. Не е чудо што корисниците се заинтересирани за сигурноста на возилата, како и од трошоците за нивното одржување.

Еве кои десет модели најверојатно ќе ја преминат психолошката граница од 200.000 милји (над 320.000 км) за време на својот живот, според „Consumer Reports“.

Во рангирањето целосно доминираат јапонските производители на автомобили, а пет од моделите се на „Toyota“, додека останатите пет се на „Honda“. Истражувањето на „Consumer Reports“ е направено врз основа на резултатите од анкета меѓу 1,1 милиони сопственици на автомобили.

Се разбира, вистинскиот избор на автомобил е само половина од успехот за постигнување на границата од 320.000 км. Останатата половина зависи од правилното одржување на возилото. Дури еднократен пропуст на промена на маслото може да доведе до крах на возилото, потсетуваат од списанието.

Еве ги 10-те модели со најголема шанса да достигнат 320.000 км:

– „Toyota Prius“

– „Toyota Camry“

– „Honda Odyssey“

– „Honda Pilot“

– „Toyota Corolla“

– „Honda Accord“

– „Honda CR-V“

– „Toyota Sienna“

– „Toyota Highlander“

– „Honda Civic“, но не хибридните верзии „Si“ или „GX“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП