12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродадени сите примероци на McLaren 675LT

Продадени сите примероци на McLaren 675LT

675 lt

Британскиот производител на спортски автомобили „McLaren“ за помалку од два месеци ги продаде сите 500 примероци од моделот „675LT“ (Long Tail), пишува весникот „GT Spirit“.

Интересно е дека суперавтомобилот е откупен од клиенти кои веќе поседуваат автомобил од марката. Минималната цена на возилото е 250.000 фунти, но тоа очигледно воопшто не им пречи на купувачите.

Премиерата на „McLaren 675LT“ се одржа на автосалонот во Женева на почетокот на март. Автомобилот претставува верзија на моделот „650S“, кој добил поставки и за возење на патеката. Како „650S“, така и „675LT“ е опремен со 3.8-литарски „V8“ мотор, но како што е одразено и во името, по доработка моторот е со зголемена до 675 КС.

Благодарение на лесната каросерија („675LT“ е за околу 100 килограми полесен од „650S“), а  автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, а до 200 км/ч за 7,9 секунди. Максималната брзина на возилото е 330 км/ч.

Моделот „675LT“ е посветен на тркачкиот „McLaren F1 GTR Lond Tail“, кој во 1997-ма година учествува во првенството „FIA GT“. Главната карактеристика на спортскиот автомобил е неговиот продолжен заден дел. Благодарение на него и на широкото антикрило, инженерите на компанијата ја зголемија за 40% потисната сила во споредба со стандардниот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП