27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Alibaba падна за 49% поради трошоците за надоместоци

Профитот на Alibaba падна за 49% поради трошоците за надоместоци

alibaba 39

Кинескиот лидер во електронска трговија „Alibaba Group“ објави 49 отсто пад на нето добивката за првото тримесечје или до 463 милиони долари, пренесува „Forbes“.

Компанијата изјави дека падот е во врска со трошоците за надоместоци. Исклучувајќи ги еднократните ефекти за периодот, нето добивката е зголемена за 14%.

Приходите на групата се зголемија за 45% или до 2.8 милијарди долари во текот на кварталот, поттикнати од порастот во износ од 157% кај побарувачката на мобилни уреди. Мобилните корисници на компанијата се зголемија до 289 милиони кон крајот на март во споредба со 265 милиони кон крајот на декември.

Освен тоа од „Alibaba“ потврдија дена цената на нивните акции забележале пад за една третина од својот врв на берзата во Њујорк минатата година.

„Alibaba Group“ исто така, најави дека Даниел Жанг, моментално КОО, ќе стане извршен директор од 10-ти мај.

Акциите на „Alibaba“ се борат во позадина со срамот за профитот во врска со инвестициските трошоци, лошите критики во печатот и судските случаи поради наводната продажба на фалсификувана стока.

Истовремено основачот на компанијата Џек Ма е третиот најбогат човек во Кина со богатство од повеќе од 20 милијарди долари според проценките на „Forbes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП