17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat го редизајнираше моделот Ibiza (фото)

Seat го редизајнираше моделот Ibiza (фото)

ibi s

„Seat“ го обнови претставникот на семејството „Ibiza“. Со дотерувањето беа опфатени како каросеријата на хечбекот, така и неговата внатрешност и дополнителната опрема.

Од својот претходник обновената Ibiza се разликува во форма на фаровите кои добиле „LED“ секции, а исто така и по 16-инчните и 17-инчните бандажи со нов дизајн. Моделот ќе се нуди и во две нови бои – сива (Moonstone Grey) и црвена (Chilli Red).

ibi s1

Во кабината се променети сите материјали, а е додадена мека пластика на инструмент панелот. Нова е централната конзола во која веќе е вклучен мултимедијален систем со функцијата „MirrorLink“ – иста како и кај „Skoda Fabia“.

Како опција при дотерување на „Ibiza“ ќе се нудат неколку „пакети на боја“. Така клиентите ќе можат да избираат дополнителна боја за различни елементи на воланот и на отворите за вентилација. Во дополнителен боја може да се нарача и куќиштето на ретровизорите и решетката на ладилникот.

ibi s2

Претставник на „Seat“ објави дека амортизацијата, пружините и стабилизаторите на возилото се прилагодени за подобар комфор. Автомобилот веќе располага со електрични засилувач на управувачот, а во листата со дополнителна опрема е вклучена адаптивна суспензија со два режима – комфорен и спортски.

Моделот „Ibiza“ по обновувањето ќе се нуди со три 1.0-литарски бензински мотори со 3 цилиндри – кои аспирираат со 75 КС, и два турбомотор – со 90 и со 110 КС. Четвртиот бензински агрегат е 1,4 TSI, кој располага со систем за деактивација на два од цилиндрите и развива 150 КС.

ibi s3

За љубителите на дизелот се предвидени 3 мотори, кои се исто така со 3 цилиндри. Нивната моќ е 75, 90 и 105 КС.

Редизајнираниот модел своја премиера ќе има на домашен терен, поточно на авто-саемот во Барселона, додека пак се очекува во продажните салони да пристигне во текот на есента.

ibi s4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП