20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово ги испрати ракометарките на ЖРК Вардар на Фајнал Фор

Млекара Здравје Радово ги испрати ракометарките на ЖРК Вардар на Фајнал Фор

Maica Zdravje i Vardar

На последниот тренинг на Женскиот ракометен клуб Вардар, кој вчера, (среда 6-ти мај) се оддржа во Спортскиот центар Јане Сандански, Млекара Здравје Радово и навивачите ги испратија ракометарките и им посакаа спортска среќа на престојниот Фајнал Фор.

Млекара Здравје Радово како официјален поддржувач на македонскиот ракометен шампион, изработи и дизајнира специјални навивачки маици со мотото ,,За енергија, добра игра и добро Здравје“ со кое го промовира здравиот начин на живот и спортската активност.

Maica Zdravje i Vardar11

На дружењето со ракометарките беа поделени маички за сите навивачи кои ќе бидат присутни викендов во Будимпешта, каде што нашите ракометарки ќе бидат дел од европскиот ракометен крем.

Високо-квалитетниот јогурт Здравје со 3,2 и 1,5% масленост ќе ги придружува ракометарките на Фајнал Фор завршницата и ќе им обезбеди доволно енергија и квалитетна исхрана која им е потребна. Во периодот кој следува Млекара Здравје Радово и ЖРК Вардар ќе организираат низа активности со кои ќе ја потенцираат улогата на јогуртот во здравата, правилна и балансирана исхрана, како и активниот спортски начин на живеење. Останува да навиваме и да им посакаме успех и добро Здравје…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП