19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens дели уште 4.500 откази

Siemens дели уште 4.500 откази

Siemens

Германскиот производител на индустриски машини и медицинска опрема „Siemens“ ќе укине дополнителни 4.500 работни места ширум светот, покрај 7.800 откази кои ги најави во февруари.

Од новите 4.500 откази, 2.200 ќе бидат врачени во Германија, наведува компанијата која вработува повеќе од 300.000 работници во светот, пренесува агенцијата Франс прес.

Извршниот директор на „Siemens“, Џо Кезер најави дека оваа мерка е дел од сеопфатниот план за реструктуирање од мај минатата година со цел намалување на бројот на филијали во групацијата до 2016 година.

Планот за реструктуирање би требало на компанијата да и заштеди околу милијарда евра, како и да поттикне профитабилност преку фокусирање на одредени обласи од работењето, како што е енергетиката, медицинската опрема, дигиталните системи за индустријата и транспортот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП