26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоман го поткупува Мурињо

Роман го поткупува Мурињо

roman

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ на поранешниот тренер на „сините“, Жозе Мурињо му подарил часовник вреден 400.000 евра.

Русинот со овој потег само ги разгори шпекулациите за враќањето на Португалецот на клупата на својот тим веќе налето.

Самиот Мурињо во неколку наврати изјавуваше дека сигурно ќе се врати во Англија, а шпанските медиуми одамна пишуваат дека Лигата на шампионите го држи Португалецот се уште на клупата на Реал.

Медиумите на Островот шпекулираат дека и најдобрите играчи на Челзи веќе се запознаени со тоа дека клубот преговара со Мурињо и дека тој ќе биде замената за Рафа Бенитез. Ова сигурно со одушевување ќе го поздрават навивачите на „сините“, затоа што во неколку наврати го изразија незадоволството од работата на Бенитез, па дури го скандираа и името на Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП