17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Walt Disney зголемени за 7 отсто, цената на акциите рекордна

Приходите на Walt Disney зголемени за 7 отсто, цената на акциите рекордна

3448854866_0b6cea9c3f

Приходите на корпорацијата во чиј посед е и филмското студио „Walt Disney“ пораснале во првиот квартал од 2015 година за 7 отсто, на 12,46 милијарди американски долари, благодарејќи на зголемената потрошувачка на посетителите во забавните паркови на компанијата и одличните резултати на нејзината телевизиска мрежа.

Нето добивката на „Walt Disney“, пак, пораснала за 10 отсто, на 2,11 милијарди долари, се наведува во соопштението на компанијата.

Приходите од тематските забавни паркови пораснале за 6, отсто, на 3,76 милијарди долари, зголемувајќи ја оперативната добивка на тој оддел за 24 отсто, откако без големени цените на влезниците и хотелското сместување, а посетителите повеќе трошеле и на храна, пијалаци и сувенири.

Деловното работење поврзано со телевизиската мрежа, којашто ги вклучува каналите Disney и ABC, како и спортскиот ESPN, забележало раст на приходите за 13 отсто, на 5,81 милијарди долари, поради поголемата продажба во доменот на огласувањето и поврзаните надоместоци.

Меѓутоа, приходите од филмското студио паднаа за 6 отсто, на 1,69 милијарди долари, додека продажбата, додека продажбата на одделот за потрошувачки производи пораснала за 10 отсто, благодарејќи на добрата продажба на играчки и други производи поврзани со анимираниот филм „Снежното кралство“.

Бидејќи деловните резултати на „Walt Disney“ се подобри отколку што очекуваа аналитичарите, цената на акцијата на компанијата порасна во вторникот на Волстрит за 2 отсто, на рекордни 113,3 долари. Во текот на изминатата компанија цената на корпорацијата е зголемена за 38 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП