18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart му се посветува на кинескиот пазар

Walmart му се посветува на кинескиот пазар

Earns Wal-Mart

Американскиот трговски ланец „Walmart“ ги зголемува инвестициите во Кина и планира до 2017 година да отвори 115 нови продавници, кои ќе вработат 30.000 работници.

Компанијата претходно ги соопшти плановите да го зголеми бројот на продавници во Кина од 400 на 480 до 2016 година. „Walmart“ исто така има намера во оваа година да инвестира 370 милиони јуани (59,6 милиони долари) во реконструкција на продавниците.

Покрај тоа, компанијата планира што поскоро да покрене мобилна апликација која ќе ги поврзува продавниците со одделението за електронска трговија на „Walmart“ во Кина (Yihaodian). Тоа ќе им овозможи на купувачите да нарачаат стока преку интернет со испорка во продавниците на „Walmart“.

Трговскиот ланец има намера активно да ги прошири операциите на пазарот во Кина, кој за неа е еден од клучните и планира да освои удел на пазатрот од кинеската конкуренција.

Продажбата на „Walmart“ во Кина во четвртиот финансиски квартал завршен на 31 јануари 2015 година е намалена за 0,7 проценти, во однос на истиот период претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП