18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на UBS забележа скок од 88%

Тримесечниот профит на UBS забележа скок од 88%

ubs svic

Швајцарскиот кредитор „UBS“ забележа скок на профитот, победувајќи ги прогнозите на аналитичарите, бидејќи нестабилноста на пазарот и силната активност со клиентите го засили резултатот за првиот квартал од 2015-та година.

Од компанијата изјавија дека растот на кварталната добивка од 88 отсто дошол и покрај предизвиците во периодот во кој беше вклучена одлуката на Швајцарската централна банка да ја укине крајната граница на својата валута во однос на еврото.

Нето добивката достигна 1,98 милијарди швајцарски франци (2,12 милијарди долари), во споредба со 1,05 милијарди франци за истиот период од минатата година и речиси двапати над прогнозата во анкетата на „Ројтерс“ од 1,1 милијарди франци.

„Јас сум задоволен од силниот квартал. Останавме поблиску до нашите клиенти, останавме дисциплинирани кон ризикот и се претставивме добро во сите претпријатија и региони“, коментира Серџо Ермон, извршен директор на групацијата.

Како резултат на добриот и непристрасен бизнис менаџмент, „UBS“ постигна највисока добивка од 2008-ма година, посочи банката во денеска наутро. Глобалната единица за управување со средства, пак, забележа најдобар квартал од 2009-та година.

„UBS“ предупреди дека многу од главните макроекономски предизвици, забележани во првиот квартал од 2015-та година, се уште се присутни и е малку веројатно да бидат решени во блиска иднина.

Сепак од компанијата истакна дека очекуваат своите единици за управување со средства да продолжат да привлекуваат нови депозити во вториот квартал.

„И покрај сегашните и новите предизвици, ние продолжуваме да се обврзуваме со дисциплинирано исполнување на нашата стратегија за да се обезбеди долгорочен успех на фирмата“, изјави банката во соопштението.

Од „UBS“ исто така изјавија дека се уште учествуваат во различни спорови и судски постапки, вклучувајќи регулаторни и кривични истраги.

Банката нагласи дека може да биде предмет на понатамошни казни поради можното манипулирање на девизните пазари. Во овој поглед „UBS“ додаде дека се наоѓа во дискусии со неколку истражни органи за можни договори за истрагите, како и дека разговорите со Министерството за правда на САД се во „напредна фаза“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП