Нето профитот на рускиот производител на камиони „Kamaz“, забележа пад во 2014-та година за 20 проценти во однос на претходната година или на 211 милиони рубљи (3.7 милиони евра).
Најголемо негативно влијание на падот на профиот имаа курсните разлики во финансиските и нефинансиските обврски, како и признавањето на уделот во загубите на кооперантските и заедничките компании, се наведува во соопштението.
Приходите на „Kamaz“ се намалени за три осто или на 110.6 милијарди рубљи.
Бруто профитот на компанијата забележа пад во минатата година, во однос на предминатата година, за 14 отсто или 14,59 милијарди рубљи, а оперативниот профит за дури 2.5 пати или на 2.24 милијарди рубљи.
Продажбата на возила лани е намалена за 11.8 отсто или вкупно 38.644 единици. На домашниот пазар се продадени 14.5 проценти помалку возила отколку во 2013-та година – 32.500 примероци, а на странскиот шест отсто повеќе – 6.100 возила.
„EBITDA“ (добивката пред оданочување, камата и амортизација) е намалена за 38 проценти и изнесува 5.6 милијарди рубљи. Чистиот долг на компанијата на крајот на минатата година достигна 12.73 милијарди рубљи, што е раст од 9.2 отсто.
Во извештајот се наведува дека од јануари до април 2015-та година, групацијата има земено кредит од скоро 4.7 милијарди рубљи со просечна каматна стапка од 11 отсто годишно и рок на враќање од 2016-та до 2019-та година.
Сложената економска ситуација, минатата година не влијаеше во реализацијата на инвестициската програма на групацијата. Инвестициите во научно-истражувачки и конструкторски активности и модернизација, минатата година чинеа 6.19 милијарди рубљи или шест отсто од приходот, наведуваат од „Kamaz“.