8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Shell се распадна на половина

Профитот на Shell се распадна на половина

shell 309

„Royal Dutch Shell“, нафтениот производител, кој неодамна го купи конкурентот „BG Group“ за сума од 70 милијарди долари, објави 56% пад на профитот за првиот квартал како резултат на ниските цени на сурова нафта, иако рафинирањето и трговските услуги компензираат дел од падот на цените, соопштува „New York Times“.

Во изјавата од седиште на компанија во Хаг беше објавено дека приспособена со еднократни ефекти и промени во резервите, профит опадна до 3,2 милијарди долари од 7,3 милијарди долари во минатата година. Просечните предвидувања на аналитичарите изнесуваа 2,5 милијарди долари.

Падот на цените на нафтата во последната година ги принуди производителите да ги намалат трошоците и да одложат некои од проектите за да ги зајакнат сметководствените салда. Нестабилните цени можат да го соберат профит од трговијата на нафта, додека најевтината сурова нафта ги скратува трошоците на рафинериите.

„Резултатите ја одразуваат моќта на интегрираните бизнис услуги во позадината на пониските цени на нафтата. Продолжуваме да преземаме чекори за подобрување на конкурентноста, како и удвојување на напорите за да постигнеме подобри резултати“, изјави во соопштението извршниот директор на „Shell“ Бен ван Беурден.

Во првиот квартал просечната цена на нафтата сорта „Brent“ падна за 46% во споредба со минатата година, достигнувајќи 55,13 долари за барел. Таа се опорави во овој месец, откако се качи до околу 65 долари за барел на позадината на насилството во Блискиот Исток.

„Shell“ очекува цените на нафтата да се зголемат до 90 долари за барел до 2018-та година, со што ја оправдува 50% повисоката сума која ја предложи за да ја купи „BG Group“.

Англо-холандската компанија, заедно со „BG Group“ и „Total SA“, се најголемите производители на нафта, а произведуваат секојдневно доволно суровина, за да ги задоволи потребите на Јапонија, Индија, Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија.

Купувањето на „BG Group“, што ќе биде завршено во текот на следната година, ќе му обезбеди на „Shell“ длабоки средства во Бразил, ќе ја зајакне неговата позиција во гасната индустрија во Австралија и ќе овозможи поголемо учество во извоз на течен природен гас во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП