5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.04.2015

Дневен хороскоп 30.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Период во кој вие ќе се сомневате не само во другите туку и во себе. Немир, кавги и проблеми ќе се појавуваат од сите страни, затоа премолчете се и воопшто не се ни обидувајте некои нешта да ги објаснувате. Смирете се се додека не помине овој неповолен период. Од наредната недела се очекуваат подобри аспекти.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје. Излезете со пријателите, забавувајте се и пронајдете ја среќата во малите нешта.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На вашата среќа денес нема да и се гледа крајот. Некое убаво изненадување или некој потег на партнерот ќе ве израдува. Сите работни обврски ќе ви бидат завршени навремено. Некој колега се обидува да ви помогне да напредувате, искористете го тоа. Во семејството ќе владее хармонија, а малите настанати проблеми брзо ќе бидат решени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се обидувате да оставите добар впечаток на опкружувањето. Тоа ви успева и колегите ве поддржуваат. Денес е можно да настапите во јавност и да изложите една идеја која ќе биде добро прифатена. Тоа ќе ви овозможи успех во иднина. Денес ќе имате потреба да ја проверите љубовта на партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Еден од колегите може да му се пожали на шефот и да добиете критика. Критиките се она што моментално најмалку го сакате. Ако сте невработени, може да бидете повикани на разговор во кој ќе почувствувате дека на другата страна не и се допаѓате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сте невработени можно е да бидете повикани на разговор кој ќе ви овозможи вработување. Партнерот знае дека сте оптоварени со работа и се обидува да не ве вознемирува. Поради тоа презема некои акции без ваше знаење. Добро би било да се заинтересирате за што се работи. Оние кои имаат работа, успешно ќе си ги извршуваат работните обврски без големи промени и осцилации.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а навечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве повикаа пријателите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Затоа, денеска потрудете се да останете глуви на нивните коментари и поминете го денот во друштво на оние кои навистина ви се блиски. Претстои кризен финансиски период.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошекта во природа добро ќе ви дојде. Работните обврски може да почекаат до наредната недела.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Кариерата ви оди по нагорна линија и ова е само почеток. Многу ќе размислувате и ќе ги анализирате идните чекори, се со цел да го постигнете она што го сакате. Внимавајте на односите со партнерот. Тој е навидум мирен, но не се знае во кој момент ќе избувне. Заради вашата желба да напредувате му префрливте многу обврски и тоа го оптоварува.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

До сега се обидувавте рационално да гледате на случувањата на работното место, но тоа веќе не е можно. Затоа ќе замолчите и ќе се обидете од страна да ги посматрате случувањата. Чувствувате дека има многу тајни и веќе не сакате да се борите со невидливите сили околу вас. Партнерот се однесува многу агресивно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

До вашата адреса ќе пристигне некоја интересна понуда. Не се откажувајте од понуденото затоа што ќе ви донесе добар приход. Партнерот се обидува да ги попречи вашите планови. Тој анализира и критикува се што ќе му кажете. Се однесува како да нема доверба во вас. Обидете се да не се возбудувате, во следните неколку дена ситуацијата ќе се смени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП