18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Volkswagen зголемена за 17 отсто

Добивката на Volkswagen зголемена за 17 отсто

Germany Volkswagen Shares

Volkswagen (VW) во првиот квартал од годината ја зголеми оперативната добивка за 17 отсто благодарение на намалените трошоци и зголемената побарувачка за автомобили на европскиот пазар.

Оперативната добивка на компанијата скокна за 17 отсто, на 3,33 милијарди евра, објави германската автомобилска компанија во средата. Тоа е во согласност со највисоките очекувања на аналитичарите во анкетата на Reutes, кои во просек очекуваа добивка од 3,12 милијарди евра.

VW ја задржа својата проценка за оперативна маржа за 2015. во распон помеѓу 5,5 и 6,5 отсто, по минатогодишните 6,3 отсто. Компанијата очекува дека приходите на групацијата ќе ги надминат минатогодишните рекордни 22 милијарди евра за околу 4 отсто при продолжување на растот на испораките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП