17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti го тестира својот нов суперавтомобил (видео)

Bugatti го тестира својот нов суперавтомобил (видео)

Ecco Bugatti Chiron da 464 km/h futura regina delle hypercar

„Bugatti“ напорно го тестира својот нов суперавтомобил на патеката „Нирбургринг“, а тоа беше причина британското издание „Carmagazine“ да пушти видео од тестирањето и да открие детали за моделот.

Веќе се знае дека моделот ќе се нарекува „Chiron“ во чест на легендарниот пилот Луј Широн. Познато е уште дека автомобилот ќе биде опремен со хибриден агрегат, во кој главна улога ќе игра 8,0-литарски „W16“ мотор. Па така се негираа гласините за појавата на нов мотор со 14 цилиндри.

Според изданието, „Chiron“ ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,0 секунди, што е за 0,5 секунди побрзо од „Veyron Super Sport“. Максималната брзина исто така ќе се зголеми – до 463 км/ч. Подобрувањата се должат на новите електрични турбини на моторот, кој ќе биде опремен и со систем за деактивација на дел од цилиндрите.

Иако моќта ќе биде зголемена, новиот „Chiron“ ќе биде поекономичен од својот претходник. Неговата потрошувачка ќе биде 20 л/100 км (23,1 л/100 км кај „Veyron Super Sport“). Покрај тоа, машината ќе биде подобро прилагодена за секојдневно користење.

Хибридниот агрегат ќе работи во комбинација со добобрен 7-брзински автоматски менувач со двојно квачило. Општо земено „Chiron“ ќе добие 92% нови или значително надградени компоненти во споредба со „Veyron“. Меѓу нив се активниот дефлектор, сопирачки со карбон-керамички дискови и целосно нова кабина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП