4 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 27.04.2015 до 03.05.2015

Неделен хороскоп – 27.04.2015 до 03.05.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Иако ситуацијата на приватен план не е блескава, имате сила за борба. Познати сте по тоа што во најлошите ситуации делувате ладнокрвно и прибрано, па искористете ја таа способност за да ги решите несогласувањата со партнерот и семејството.

РАБОТА: Ако се подготвени да размислувате надвор од досегашните рамки, да се обидете со нови нешта и генерално да го промение пристапот, планетите ќе ви го овозможат тоа, па решението за незгодните ситуации ќе се појави од некаде.

ЗДРАВЈЕ: Прилично сте исцрпени, одморете се.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Без оглед колку ви се чини дека моменталната ситуација на приватен план е нерешлива, не се откажувајте. Бидете истрајни во своите замисли и тоа ќе ви донесе решение кое ќе ги задоволи сите вклучени.

РАБОТА: Некои работи на работа ќе ви го отворат умот за работите кои сте ги знаеле, но не сте ги занемарувале. Токму тука лежи магичното стапче со кое ќе ги подобрите нештата и работите ќе ги завртите во ваша корист.

ЗДРАВЈЕ: Прилично добро, не се грижете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Толку многу работи се случуваат пред вас и зад вашиот грб што дефинитивно ќе се изгубите доколку се обидете да ги фатите сите конци во ваши раце. Не правете го тоа и дадете му време на времето. Се ќе се подобри.

РАБОТА: Иако оваа недела е создадена за уживање во работата и собирање на плодовите, сеуште не е пристигнато времето за тотално опуштање, бидејќи некои работи за кои сте биле сигурни дека се заборавени ќе испливаат на површина и можно е да ве доведат во неповолна ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на исхраната, телото ви покажува дека претерувате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Последните случувања ќе направат да се сомневате, а токму тоа ќе ви даде можност да ги увидите проблемите во врската пред тие да ескалираат во нешто комплицирано.

РАБОТА: Порано или подоцна ќе мора да донесете одлука како понатака ќе се движите во кариерата, бидејќи понудата за партнерство нема да ве чека засекогаш. Затоа, би било подобро да одвоите малку време за детална анализа на можностите отколку да чекате работите да се решат сами.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро, стресот победете го со засилено вежбање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Долгата врска би можела конечно да носи плодови кои ги очекувате веќе подолго време, но бидете трпеливи уште малки бидејќи не е возможно да ги остварите сите желби одеднаш.

РАБОТА: Мора да се присилите за да ги завршите работите во зададениот рок, бидејќи постојаното одложување ви носи само поголема главоболка. Останете на работа подолго ако е потребно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се полесни повреди, поради заморот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Ситуацијата во семејството се повеќе се претвора во отворен конфликт, но вие сеуште би требало да држите дистанца за да не влетате во нешто за што не знаете доволно. Трепението е клучниот збор, без оглед колку повредено се чувствувате.

РАБОТА: Време е за бришење на прашината од некои знаења и вештини кои одамна сте престанале да ги користите. Обновете ги знаењата и подгответе се за промена на работата, добрата прилика е на чекор до вас.

ЗДРАВЈЕ: Добро, со мали проблеми со сонот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Како што работите во врската и семејството лесно се менуваат, на вас не ви преостанува ништо друго освен да ја отфрлите мрзливоста и да започнете нешто конкретно на приватен план.

РАБОТА: Доаѓате во прилика да ги реорганизирате личните финансии и да бидете сигурни дека тоа во овој момент е правилен потег, без оглед колку ви се чини дека ќе имате помали средства, ситуацијата драстично ќе се поправи.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Ако многу добри нешта сте научиле од сопствените грешки, сега нема да направите уште една. Во случај да не сте, некое време бидете внимателни, додека не сфатите што е тоа што ве прави неодлучни во врска со една нова врска.

РАБОТА: Не инсистирајте на доследно спроведување на сите ветувања кои сте ги добиле на работа, бидејќи би можеле да испаднете виновни. Затоа, работете го вашето и не се завртувајте кон околината за да видите што таа мисли.

ЗДРАВЈЕ: Еден краток одмор би ви бил од огромно значење.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Ќе имате проблеми да сфатите што се случува, но некоја блиска личност ќе ви ги отвори очите во врска со вашата љубовна врска. Можно е да дојде до разочарување, но не се обидувајте нешто да промените, туку прекинете го тоа што ве прави несреќни.

РАБОТА: Ќе имате повеќе обврски, а нема да имате доволно сила да ги завршите. Некој од претпоставените ќе ја увиди вашата немотивираност и ќе се обиде да ви помогне.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте на очите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Ќе западнете во некое сценарио каде ќе се однесувате како многу љубоморна личност. Можно е да имате последици од неправилното и нечесно однесување кон партнерот. Некои убави нешта ќе ви бидат скратени.

РАБОТА: Нема да бидете способни да одговорите на сите зададени задачи. Колегите ќе ве покријат, но внимавајте тоа нема да трае вечно. Пронајдете начин како да ја зголемите продуктивноста, бидејќи во спротивно можно е намалување на приходите.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со нозете и рацете, бидете внимателни.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Некоја интересна личноста наеднаш ќе навлезе во вашиот живот и ќе ви ги промени плановите. Ова ќе биде бурен љубовен период во кој нема да знаете како да реагирате. Доколку сте во долга врска очекувајте понуда за брак.

РАБОТА: На работа сите ќе се обратат за помош кај вас, вие нема да знаете зошто е тоа така, но на тој начин околината ќе ви покаже колку всушност вредите. Ве очекуваат поголеми финансиски средства кои одамна сте ги заслужиле

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Вашиот партнер ќе ви приреди прекрасно изненадување кое ќе ви ги насолзи очите. Доколку сте сами оваа недела е одлична за средба со некоја интересна личност. Лицата во брак ќе бидат во хармонични односи.

РАБОТА: Зголемениот обем на работа ќе ве охрабри да побарате зголемување на платата, тоа ќе ви успее, можеби не од прва, но сепак ќе успее. Некој ваш колега ќе побара помош или совет. Помогнете му да ја преброди кризата.

ЗДРАВЈЕ: Одлично, без грижи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП