26 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.04.2015

Дневен хороскоп 27.04.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе морате малку да размислите за својот однос со лицата кои ви се надредени, бидејќи во моментот не е баш на најдобро ниво. Ќе се најдете во слепа улица, затоа обрнете им внимание на сите сигнали кои доаѓаат, за да не пропуштите нешто многу важно и значајно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вистински ден за оставање на добар, односно одличен впечаток во околината. Иако се ќе ви оди од рака, внимателно одберете ја личноста која од некоја причина треба да ја импресионирате и оставете вашиот шарм да си го направи своето. Денес, лесно би можело да се случи да ја добиете довербата од претпоставените за некоја многу важна работа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Љубомората и страста се клучните зборови за денес. Но, не мора да станува збор за односите со други луѓе, туку таквите чувства ќе ги имате кон работата. Одбранете ги вашите ставови и ќе добиете прилика да го поправите она што сте го расипале со нетолерантниот пристап во последно време.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На професионално поле ќе забележите голем успех, кој ќе ви донесе добра зарботка, но бидете внимателни и не се расфрлајте премногу со пари. Посветете му повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Добро би ви дошло едно кафе со старите пријатели. Не занемарувајте го здравјето, можни се болки во зглобовите, затоа вежбајте повеќе. Можни се многу пријатни изненадувања од страна на вашиот партнер. А тие што не се во врска, ги очекува средба со поранешниот партнер, која повторно ќе разбуди некои чувства од минатото.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Потрудете се да не бидете толку директни кон пријателите и обидете се вашите мислења да си ги задржите за себе. Можеби ќе бидете преоптеретени оваа недела со обврски на работа, а колегите ќе ви одат на нерви со нивните коментари, но на крај се добро ќе заврши. Ве очекува прекрасно помината романтична вечер со вашиот партнер исполнета со многу игри.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми. Кога ќе одите на некој деловен состанок, или кога ќе имате собир со пријатели, повторно ќе сретнете некоја личност која ви оставила добар впечаток првиот пат кога сте ја виделе.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)    

Енергијата која ја поседувате треба да се сподели. Денес е вашиот среќен ден, па доколку размислувавте за шопинг или некаква друга активност, денес е вистионскиот ден за тоа. На работа задачите ќе си течат како што сте планирале, поволен, период во кој можете да уживате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате голема среќа. Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Малку проблематичен период, кој брзо ќе помине. Ќе ви се случуваат чудни работи во текот на денот и може да се почувствувате некомуникативно. Но не грижете се, секој има таков период. Вашиот внатрешен шарм ќе ви донесе многу бенефиции на работа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете дел од некој бизнис настан, па може да запознаете некоја нова личност која ќе ги подобри работите во вашиот живот. Исто така, многу е важно и да си посветите малку време на самите себе бидејќи во последно време малку заборавивте да си ги задоволите потребите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе се чувствувате уморно и депресивно, а луѓето околу вас постојано ќе ви одат на нерви. Не очајувајте, на секој му се случува да има напорен ден. Направете кратка прошетка, или пак гледајте интересен филм, тоа ќе ви го подобри расположението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП