3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGreat Wall ги обединува силите со Volkswagen

Great Wall ги обединува силите со Volkswagen

great wall3

Концернот „Volkswagen“ ја разгледува можноста за создавање на заеднички буџетски модел со кинескиот производител „Great Wall“, пишува весникот „Manager Magazine“. Засега не се откриваат детали, но се тврди дека двете компании веќе ги спроведоа првите преговори.

Според информациите на весникот, предлогот дошол од страна на германскиот производител. Друг медиум – „Automotive News“, цитира шефот на кинескиата канцеларија на „Volkswagen“ Јохем Хајицман, според кој концернот има сериозен интерес кон развојот на евтини кросовери и траилери за локалниот пазар.

Минатата година раководството на „Volkswagen“ претстави план за создавање на посебна марка на буџетски модели. Главниот пазар за нив ќе биде токму Кина, но ако сличните возила се наметнат успешно, тие ќе бидат понудени уште во Индија, Латинска Америка, Источна Европа и балтичките земји.

Во основата на идниот модел ќе биде специјална верзија на платформата „MQB“, која ќе биде поевтина од оригиналната. Во моментов таа шасија е во процес на развој, тврдат информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП