6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook со раст од 42% во продажбата

Facebook со раст од 42% во продажбата

A view of Facebook's logo May 10, 2012 i

Најголемата социјална мрежа во светот ги објави своите резултати за првиот квартал.

Продажбата се зголемила за 42% или до 3.54 милијарди долари за кварталот, а растот би бил 49% без да се земе предвид ефектот на скапиот долар, соопштија од компанијата.

Приходите од рекламирање се зголемија за 46% до 3.32 милијарди долари на годишна основа, при што претставувале 94% од вкупните приходи на компанијата.

Без да се земат предвид еднократните ставки, добивката по акција била 42 центи, наспроти 35 центи пред една година. Просечните очекувања на аналитичарите беа за профит од 40 центи по акција.

Од „Facebook“ објавија дека располагаат со 1,44 милијарди корисници, наспроти 1.39 милијарди во четвртиот квартал од минатата година и прогнозата за 1.43 милијарди корисници.

Во изминатата година од „Facebook“ предизвикаа загриженост меѓу аналитичарите, откако прогнозираа раст на трошоците од 75% за оваа година. Вчера од социјалната мрежа ја негираа оваа прогноза, велејќи дека очекуваат пораст на трошоците меѓу 55 и 65% за оваа година.

Дневно корисниците на социјалната мрежа гледаат вкупно околу 4 милијарди видео записи. Акцент врз видео-содржините од страна на „Facebook“ има направено оваа ставка и е најголем извор на приходи за компанијата. Речиси 73% од приходите доаѓаат од мобилното рекламирање, што е зголемување од 59% на годишна основа.

Активните дневни корисници на социјалната мрежа се во просек 936 милиони во март, пораст од 17% на годишна основа. Месечни активни корисници се зголемија за 21% во Азија до 471 милиони, а во Европа се зголеми за 6,2% до 307 милиони. Во останатите делови на светот растот е 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП