6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсигурување на специјалистичко-амбулантно лекување, нов производ на Триглав Осигурување

Осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување, нов производ на Триглав Осигурување

triglav (1)222

Триглав Осигурување воведе на пазарот нов производ во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување. Овој осигурителен производ ги покрива трошоците за специјалистичко-амбулантни здравствени услуги, вклучувајќи прегледи, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите коишто не се опфатени со фондот на здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.

Триглав Осигурување, како лидер на осигурителниот пазар, континуирано работи на развој на осигурителната индустрија во земјата, како и на подобрување на постоечките и развој на нови производи, коишто се во согласност со потребите на клиентите и коишто ги следат трендовите и случувањата на локалниот, но и на пазарите во регионот.

Имајќи го предвид сè поизразениот интерес за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, Триглав воведува нов производ на пазарот, осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување, исклучително конкурентен и достапен производ, кој на клиентите ќе им овозможи врвна здравствена грижа и поквалитетни медицински услуги.

Осигурувањето на специјалистичко – амбулантно лекување овозможува покритие на трошоците за голем број услуги во доменот на специјалистичко лекување (прегледи, дијагностички анализи, едноставни амбулантни зафати), комплексни дијагностички постапки, хируршки зафати во дневна болница, амбулантна рехабилитација, како и лекови издадени на розев рецепт, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

Во оваа прилика, Извршниот директор на Триглав Осигурување, г-ѓа Сања Танчевска, изјави:

„Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, а доброволното приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за себе и за своите најблиски. Токму затоа, во Триглав Осигурување создадовме нова можност за врвна заштита на здравјето, којашто одговара на барањата на пазарот, на потребите на клиентите и на нивниот буџет. Верувам дека експертизата на вработените во Триглав Осигурување Скопје придонесе да креираме исклучително квалитетен и конкурентен производ, кој на клиентите ќе им понуди вистинска додадена вредност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП